Thursday, May 7, 2015

„Рано дојде љубовта“ -Горјан Петрески

Книгата со наслов Рано дојде љубовта се состои од седумдесет и два лирски раскази. Како и во останатите негови дела и овде тој се потпира на своите убедувања дека само "чистиот исказ" е најприфатлив за младите читатели па затоа истиот го применува и негува некомпромисно зошто најверојатно било какво менување на стилот би прдизвикало отпор кај читателите (младата популација). 
                              


Книгата е поделена на два дела "Плашилото со добро срце" и "Тешко прашање". Љубовта е универзална категорија и како мотив таа се среќава речиси во сите дела на авторот, што е случај и во ова дело. Доминантна специфика на овој роман се искреноста, топлината и доживеаноста на нештата. Тие белези се фундаментален принцип во литературата за деца и младина. Начинот на кој е напишан е прифатлив за младата популација, што се провлекува низ сите романи на Горјан Петревски. Авторот е целосно внесен во детскиот свет и оттаму ги црпи своите инспирации. Доказ за тоа е и ставот кој го искажал во предговорот на книгата:"никогаш не заминав од детството. Зошто, за да се биде писател за деца и млади, не е доволно само навраќање во детството, туку со еден свој дел, скриен и интимен, треба да се остане во него.".

No comments:

Post a Comment