Романот Сама е едно од најдобрите остварувања на Горјан Петревски. Роман кој е лесно препознатлив по неговата лиричност и сентименталност, по трагањето на убавото и возвишеното, на добрината и љубовта. Тој во овој роман целосно го доловува секојдневието на младиот човек, грдото и испревртено време во кое младиот човек секојневно се среќава со лагата, лицемерството, злото, измамата, алкохолот. Едно довчерашно дете треба да го издржи притисокот и да се изгради во правилна личност притоа избегнувајки ги сите пороци. Сите бројни теми и мотиви авторот ги предзначува и ги следи низ една инзвонредно модерна и суптилна творечка постапка.
Главен лик во овој роман е пијанистот со светско реноме Симеон Георгиев, сè она што се случува во романот е поврзано со него, сите настани почнуваат и завршуваат со него. Освен него претставен како светски славен млад пијанист, заедно со неговата доследност, упорност, работливост, скромност, разбирање, добрина, искреност, отвореност,љубов и почит кон другите, авторот ни ја доловува и приказната на главната хероина во овој роман Теодора Малинова. Таа е меѓународна каратистка која постојано го слуша упорното вежбање на пијанистот, неговата упорност и желба да оствари некое големо дело кое би оставило трага во неговиот живот, покажувајки дека единствена мерка за човекот се трудот и работата. Постмодернистичката структура на текстот вистински нурнува во свеста и ги отвора младите души. Ни ја претставува осветољубивата и ретко успешна каратистка како сама и осамена несреќна девојка. Таа во една прилика по навреда и измама на училишниот другар Емил и неговата дружина целата своја духовна и физичка убавина ја пресоздава во долго посакуваната и единствена љубов кон младиот пијанист. Одеднаш големите и бучни нешта во животот, стануваат мали и обични, секојдневни чуда од убавина и добрина, почит и љубов, правичност, стрпливост и доследност. Горјан Петревски во овој роман ја вградува приказната на два млади лика кои прерано пораснуваат и се впуштаат во живот полн со зло. Тие таму се соочуваат со сите зла и несраќи, со сексот, развратот, дрогата, со сите недобројни опачини на егзистенцијата. И притоа тие самите со сопствена борба, работа и труд треба да го освојуваат животот како вредност и достоинство. Горјан Петревски раскажува ендноставно и течно низ краток дијалог вметнувајки ги туѓите мисли како магични мудрости со лирски описи и примени во драматично раскажување на приказната. Овој роман зрачи со древна мудрост и затоа подеднакво е прифатлив и за помладата, но и за постарата маса на читатели. Овој роман е посветен на нашиот славен пијанист Симон Трпчевски и токму тој претставува главна инспирација за делото на Горјан Петревски. Симон Трпчевски, авторот го поистоветува со главниот лик во романот Симеон Георгиев кој се обидува да и помогне на главната хероина Теодора Малинова да се оттргне од современите пороци, како што е дрогата. Во една прилика авторот ке каже: "Симон Трпчевски го следам од неговите најрани години. Кога седнав да го пишувам романот, односно, кога ми се наметна ликот на еден млад пијанист, јас не можев да избегам од ликот на Симон Трпчевски. Влегов во еден огромен творечки ризик и навистина многу внимателно му пријдов на ликот кој асоцира на нашиот познат пијанист".



